Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Трговиште (Србија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола Мирликиски Чудотворец
Црква Светог оца Николаја Мирликијског Чудотворца
Поглед на црквата
Карта
42°21′52.5″N 22°4′53.1″E / 42.364583°N 22.081417°E / 42.364583; 22.081417
МестоТрговиште, Општина Трговиште
ЗемјаСрбија
ВероисповедСрпска православна црква
Архитектура
Изградба1925
Управа
Архијерејско намесништвоПрешевско
ЕпархијаВрањска

Свети Никола (полн назив: Свети отец Никола Мирликиски Чудотворец; српски: Црква Светог оца Николаја Мирликијског Чудотворца) — православна црква во селото Трговиште, југоисточна Србија. Влегува во состав на Врањската епархија на Српската православна црква.[1]

Храмот е посветен на Свети Никола и изграден е околу 1925 г. Од 1945 до 1978 г. тогашната власт ја конфискувала и користела за други цели. По судсксиот спорт од 1987 г. црквата е повторно ставена во богосложбена функција.[2]

Обновата на црквата почнала со доаѓањето на врањскиот епископ Пахомиј во 1992 г. По нејзината реконструкција и враќањето на нејзината духовна улога, Пахомиј во 1997 г.повторно ја осветил. Иконостасот има 37 икони, а изработен е меѓу 1926 и 1928 г.[3]

Целосната обнова на црквата започнала во 2001 г. Од 2002 до 2004 г. е подигнат и парохискиот дом. Обновата завршила во 2016 г. со изработката на надворешната фасада и внатрешноста на црквата со средства од Владата на Србија и Општина Трговиште.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Шематизам“. Епархија врањска. Посетено на 6 март 2024.
  2. „Црква Светог Николаја Мирликијског чудотворца у Трговишту“. Vranjska Plus Televizija. Посетено на 6 март 2024.
  3. „Hram Svetog oca Nikolaja Mirlikijskog Čudotvorca u Trgovištu“. Pčinjski 017 portal. Посетено на 6 март 2024.[мртва врска][мртва врска]