Црква „Св. Никола“ - Сопот
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°53′56.4″N 21°52′12.6″E / 41.899000° СГШ; 21.870167° ИГД |
Место | Сопот |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1878 |
Архитектонски опис |
Свети Никола — главна селска црква во селото Сопот.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на влезот од селото, од десната страна на патот кој води од селото Горобинци.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1878 година. На нејзино место во минатото имало мал храм којшто бил покриен со камени плочки. Главен ѕидар бил мајстор по име Дине од соседното село Крушица, а внатрешноста била живописана од извесни зографи од Велес.[2] Иконите и фрескоживописот во куполата биле изработени во XIX век од страна на мајстор по име Петар и непознати автори од кратовска тајфа.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има голема ниша со фреска на Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со натпис. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата има помошен објект и во него се сместени селските гробишта.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезна порта од дворот на црквата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Натписот над споредниот влез
-
Апсидата
-
Источната страна
-
Помошниот објект
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 27. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 723.
- ↑ „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола“ - Сопот на Ризницата ?