Црква „Св. Никола“ - Осинчани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Никола

Црквата „Света Никола“ во селото Осинчани

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Јужноскопско
Местоположба
Место Осинчани
Општина Студеничани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис

Свети Николамакедонски православен храм во селото Осинчани.[1] Се наоѓа на самиот влез на селото од северната страна. Околу неа постојат стари дабови дрвја. Црквата е поставена во правец север-југ во должина околу 5, а широчина 3 метри[2]. Во минатото сè до нејзиното возобновување во поново време, таа била црквиште чии рушевини и остатоци од ѕидовите биле изградени од кршен шкрилец и гнили дрвени стеги[2]. Според верувањата на селаните оваа црква била „римска“, како и гробовите околу нејзе, во кои биле наоѓани „римски пари“[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.150