Црква „Св. Никола“ - Опила

Координати: 42°08′25″N 22°09′08″E / 42.14028° СГШ; 22.15222° ИГД / 42.14028; 22.15222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 42°08′25″N 22°09′08″E / 42.14028° СГШ; 22.15222° ИГД / 42.14028; 22.15222
Место Опила
Општина Ранковце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1853 (денешен облик)
Архитектонски опис
Стил предодбенички

Св. Николаправославна манастирска црква во кумановското село К’шање, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во 1853 г. врз темели на храм од XIII - XIV век.[1] Во неа се влегува по скали нагоре, што е реткост за црквите градени во турско време. Натписот на западната страна ги содржи имињата на ктиторите — Ѓорѓи Котарин, поп Ѓорѓи Мулин, Ѓорѓи Прокупов, Петко Дервиш и Симеон Котарин Устабашијата. Претставува еднокорабна градба со калкански покрив и полукружна апсида. На западната и делумно на јужната страна има отворен трем. Изградена е од камен и тули користени за лажните лаци над прозорците, слешата ниша под покривот, како и околу камената розета и крстовите.

Храмот е насликан во 1904 г. од прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Културно наследство“. Општина Ранковце. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 27 март 2014.
  2. Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 49.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]