Црква „Св. Никола“ - Неред
| Свети Никола | |
|---|---|
| Αγίου Νικολάου | |
![]() | |
| 40°42′53.8″N 21°21′55.0″E / 40.714944°N 21.365278°E | |
| Место | Неред, Леринско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Изградба | 1971 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Леринско |
| Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Свети Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου) — црква во селото Неред, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е гробишен храм во јужниот дел на селото, според преданието изграден во 1670 г.[1] На почетокот на XX век заедно со „Св. Атанасиј“ била во рацете на грчката пропаганда, но во едната од нив службите наизменично се одвивале на грчки и на македонски. Ова траело сè до изградбата на црквата „Св. Лука“ по нарачка на Бугарската егзархија.[2] Црквата претставувала голем низок полувкопан храм. Во 1970 г. и следната 1971 г. на нејзино место е направена нова. Ви храмот се чуваат икони од старата црква кои датираат од 1898 г. Старата камена камбанарија со време исто така паднала.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Πολυποτάμος. Ανάδρομη αφήγηση για την ενορία“. Kparlapani. 1 февруари 2010. Посетено на 1 октомври 2017.
- ↑ Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198.
