Црква „Св. Никола“ - Наколец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Викиекспедиција Преспа 166.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба
Координати 40°53′34″N 21°06′20″E / 40.89278° СГШ; 21.10556° ИГД / 40.89278; 21.10556Координати: 40°53′34″N 21°06′20″E / 40.89278° СГШ; 21.10556° ИГД / 40.89278; 21.10556
Населено место Наколец
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1884
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Никола — главна селска црква во селото Наколец, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во средиштето на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1]

Црквата била изградена во 1884 година, која е исклесана во камен над влезот од јужната страна.[1]

Градба[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Никола“ се наоѓа во средишниот дел на самото село. Сместена е во оградениот простор, заедно со селските гробишта.[2] Според својата архитектонска градба се вбројува во типот на мали трикорабни псевдобазилики, со петтострана апсида на исток и доградени помошни простории крај западната фасада.[2]

Црквата била изградена во 1884 година, што можеме да го дознаеме од натписот исклесан во камен над јужниот влез во црквата. Во внатрешноста на црквата се влегува од јужната страна и тоа низ еден влез кој води во наосот и еден, кон олтарскиот простор. Јужната фасада во поново време е измалтерисана, така што автентичниот опус на ѕидаријата може да се види само на источниот и северниот ѕид. Кровот е со едноставно решение на две води.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Врз ѕидните површини на наосот и олтарскиот простор не се сочувале траги од постаро сликарство.[2]

Можеби постоечкото сликарство од поново време со лош квалитет е нанесено токму врз постарите насликани партии, со што е нарушена автентичната содржина на црквата.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Наосот е издвоен од нартексот со ниска преграда, додека пред олтарскиот дел е иконостасот со три реда на икони. На иконостасот се икони работени од повеќемина анонимни мајстори.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 212. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. посет. 1 декември 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Палигора, Ристо (декември 2011). "Студија за манастирски туризам на Баба Планина" (PDF) (македонски). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. конс. 1 декември 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]