Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Мраморец

Координати: 41°23′3.1″N 20°52′36.0″E / 41.384194° СГШ; 20.876667° ИГД / 41.384194; 20.876667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Годивска
Местоположба

Карта

Координати 41°23′3.1″N 20°52′36.0″E / 41.384194° СГШ; 20.876667° ИГД / 41.384194; 20.876667
Место Мраморец
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1846 - 1886
Архитектонски опис
Стил преродбенички
Постарата црквичка

Св. Николацрква во охридското село Мраморец, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е градена четириесет години, од 1846 до 1886 г. и претставува гробишен храм. Во 1896 г. иконостасот, амвонот и владичкиот престол на храмот се изработени од дебарскиот копаничар Јаким Тодоров.[1] Во него име икони од мијачкиот мајстор Крсте Колоски.[2] Се смета дека црквата била целосно завршена во 1909 г.

Храмот е изграден од кршен и делкан камен, има големи димензии и седумстрана апсида на исток, целата од бигор со слепи аркади.[3]

На два метри југоисточно од апсидниот дел на храмот се наоѓа постарата црква, исто така посветена на Свети Никола, која претставува еднокорабен храм од камен со полукружна апсида.[3] Во црквичката може да се забележат неколку стари, но потполно уништени, икони.[4]

Зафати и преосветување

[уреди | уреди извор]

Црквата е реконструирана во 1996 г. според плоча на фасадата.[5] До летото 2011 г. црквата се одликувала со сиромашен фрескопис и иконопис, но тогаш, таа била целосно насликана со фрески. Автор на фреските е битолскиот уметник Стефан Малбашиќ, а црквата биле преосветена на 16 септември 2012 г. Согласно каноните, храмот бил преосветен од митрополитот Тимотеј во сослужение на протојерејот Игор Никовски и свештеникот Душан Јорданоски.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 242.
  2. Василиев, стр. 244
  3. 3,0 3,1 „Цркви и манастири во Охридско“. МИА. 2 март 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 28 јули 2017.
  4. Гоце Ангеличин - Жура, Христијански храмови и свети места во Охридско, Охрид, 2007
  5. Слика од фасадната плоча
  6. Преосветување на храмот „Св. Никола“ во с. Мраморец, Охрид, Дебарско-кичевска епархија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]