Црква „Св. Никола“ - Маврово (нова)
- Ова е статија за новата мавровска црква. За други значења видете на појаснителната страница
Свети Николај | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Гостиварско |
| Парохија | Мавровска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Маврово |
| Општина | Маврово и Ростуше |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | 1996 |
| Осветување | 3 јуни 2008 |
| Ктитор | Душан Петрески |
| Архитектонски опис | |
Црква „Св. Никола“ - Маврово (наречена и „Св. Николај“) — главна манастирска црква на Мавровскиот манастир, која се наоѓа во селото Маврово во Општина Маврово и Ростуше. Таа е една од најголемите цркви во Мавровскиот регион.
Градба
[уреди | уреди извор]Црквата е со димензии слични на потопената во езерото. Основата ѝ е 15 на 20 метри, со височина од 18 метри, а камбанаријата е 20 метри. Уредувањето и изградбата чинеле повеќе од 1,5 милиони евра. За изградба свои прилози дале 120 стопанственици од Македонија и од други земји. До црквата, која се наоѓа до патот што води кон ски-центарот Маврово, се симнува по 33 скалила. Во дворот има и седум чешми, клупи и тревник, а планирано е да се изгради и конак. Црквата била предадена во употреба во рамките на јубилејот 50 години од обновувањето на МПЦ-ОА.[1]
Храмот е карактеристичен по својата пространост во надворешниот и внатрешниот пронаос, нартексот и неговиот олтар. Тој има прекрасно изработен иконостас. Неговиот фрескоживопис е комплетен и поставен на поголеми површини и со мотиви на сликање усогласени на препораките од светите канони. Забележливо е и присуството на кружни столбови украсени со мотиви од животот Христос. Неговата градба е грандиозна, со совршени линии на аглите, а на горниот дел се извишива централна купола со насликан Седржител, како израз на достигнатото совршенство во градителството на сакралните објекти.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Фрескоживопис
- Средишната купола во црквата
- Средишната купола со главниот лустер во црквата
- Поглед на иконостасот на црквата
- Дел од внатрешноста
- Дел од внатрешноста
- Надворешност
- Поглед на црквата
- Црквата во зима
- Поглед на камбанаријата на црквата
- На заоѓање на сонцето
- Поглед од дворот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Осветена црквата „Св. Никола" во Маврово“. Повардарска епархија. 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-11-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Црква „Св. Никола“ - Маврово (нова)“ на Ризницата ? |


