Црква „Св. Никола“ - Карамани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Црква „Св. Никола“ - Карамани 9.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Могилска
Местоположба
Координати 41°03′55.9″N 21°23′41.9″E / 41.065528° СГШ; 21.394972° ИГД / 41.065528; 21.394972Координати: 41°03′55.9″N 21°23′41.9″E / 41.065528° СГШ; 21.394972° ИГД / 41.065528; 21.394972
Населено место Карамани
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Никола — главна селска црква во селото Карамани.[1] Црквата е сместена во средишниот дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Во ноември 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени монети и банкноти во вредност од околу 4.000 денари.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а во нејзино продолжение е доградена припрата која е заградена од сите страни. Над влезот од припратата има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Црквата има и спореден влез кој е сместен на јужната страна. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден и во него се наоѓаат помошен објект, базен за верски обреди и селските гробишта, додека камбанаријата се издига над влезната порта од дворот на црквата. Таа има осумаголна основа и на четирите страни со поголема површина содржи по една ниша со фреска во долниот и по една монофора во горниот дел.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Ограбена црква во битолско, крадецот се офајдил со 4.000 денари“. Нетпрес. 30 ноември 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]