Црква „Св. Никола“ - Драгош

Координати: 40°52′51″N 21°20′54″E / 40.88083° СГШ; 21.34833° ИГД / 40.88083; 21.34833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°52′51″N 21°20′54″E / 40.88083° СГШ; 21.34833° ИГД / 40.88083; 21.34833
Место Драгош
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Св. Никола — главна црква во битолското село Драгош, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Дворот со гробиштата иам двојна порта, изградена во 1889 година. Храмот претставува релативно голема трикорабна градба со полукружна апсида на исток, во чиј долен дел има девет плитки украсни ниши.[1] Поголемиот дел од црквата, освен аглите, привратните делови и прозорците е изѕидан од обичен кршен камен. Подоцна од југ е доѕидан затворен трем. Внатрешноста е поделена на три кораба од два реда столбови и не е живописана. Има голем обичен иконостас од три реда. По стилските особеости престолните и апостолските икони се датират од средината на XIX век, дело на месни зографи.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-30.
  2. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 33. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-30.