Црква „Св. Никола“ - Доброште
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Тетовско |
| Парохија | Вратничка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°6′34.2″N 21°4′29.8″E / 42.109500°N 21.074944°E |
| Место | Доброште |
| Општина | Теарце |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Никола Мирилкиски |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола — гробјанска селска црква во тетовското село Доброште, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа над селото, а околу нејзе се сместени селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа над последните селски куќи, на допир со планинскиот предел над селото.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на турското владеење со Македонија, овој храм бил главната селска црква и во него служеле 2 свештеника. Подоцна бил целосно разоран.[2] Последниот свештеник бил убиен од страна на некој Албанец од селото Желино.
Празнување
[уреди | уреди извор]Главниот патрон се чествува на Свети Никола Летен во мај. Според традицијата мажите утрото одат во малата црква и ги принесуваат славските колачи, а прославата на празникот продолжува по домовите каде Свети Никола Летен се чествува како селска слава. Традиционално на овој ден главно во вечерните часови се организира општо-народна прослава која, а на која освен доброштани присуствуваат и гости од околните населени места.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот влез
- Гробиштата
- Црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Афанасий Селишчев; Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии. — София, 1929. стр. 50 и 62
- ↑ „22.05.2007 - Празникот Свети Никола Летен традиционално се чествуваше и во Доброште.“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-10-27.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Доброште на Ризницата ?


