Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Градец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
ЕпархијаКумановско-осоговска
Архијерејско намесништвоКривопаланечко
Местоположба

Карта

Координати42°13′44″N 22°17′23″E / 42.22889°N 22.28972°E / 42.22889; 22.28972
МестоГрадец
ОпштинаКрива Паланка
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Завршено1857
Архитектонски опис
Стилпредодбенички

Св. Николаправославна црква во кривопаланечкото село Градец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во 1857 г. Претставува голема еднокорабна градба со отворен трем од западната и делумно од јужната страна. Од јужната страна во источен правец е доизградена затворена трапезарија.

Се вели дека во црквата се наоѓале „одаи“ за секое од маалата на селото, но и за селаните од соседните села Габар, Огут и Метежево.

Живопис и икони

[уреди | уреди извор]

Храмот бил целосно живописан, и од нив сочувани се дел од фреските, меѓу која најзначајна е Симнување од крстот. Нивен автор е Ѓорѓи Јереј. Резбаниот иконостас, иконите на него и резбаните царски двери со позлата се дело на мијачкиот мајстор Евгениј Поп Кузманов, кој ги изработил во 1869 г.[1] Поп Кузманов ги изработил и иконостасот, иконите на него и резбаните царски двери со позлата за црквата. Иконата на Свети Ѓорѓи е насликана „ 1869 2: ȣ i ȣ “. Во десниот жртвеник има натпис „ȣ i i: 1885 : 20 i “. Во левиот жртвеник во 7 колони со по 16 реда се молитвите за осветување на црквата.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Справочник Крива Паланка, Крива Паланка, 2007, стр. 25.
  2. Василиев, Асен (1965). „Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители“. София: Наука и изкуствo. стр. 228. Отсутно или празно |url= (help)