Црква „Св. Никола“ - Госно

Координати: 40°26′46″N 21°13′11″E / 40.44611° СГШ; 21.21972° ИГД / 40.44611; 21.21972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Фреска „Симнување од Крстот“, 1834 г.
Карта
40°26′46″N 21°13′11″E / 40.44611° СГШ; 21.21972° ИГД / 40.44611; 21.21972
МестоГосно, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типбазилика
Стилпреродбенички
Изградба1834
Управа
Архијерејско намесништвоГосненско
ЕпархијаКостурска

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — преродбеничка црква во селото Госно, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е базилика, изградена во 1834 г. Украсена е со живопис во апсидата на олтарот и апсидата на жртвеникот. Фреските во храмот се интересни примери за месната духовна уметност од почетокот на XIX век.[1] Внатре се чуваат вредни поствизантиски икони.[2]

Во 1991 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β/Φ36/51050/1184/24-1-1991 - ΦΕΚ 298/Β/8-5-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-30. Посетено на 14 декември 2014.
  2. „Δήμος Ορεστίδος“. Архивирано од изворникот на 2010-12-23. Посетено на 2021-02-14.