Црква „Св. Никола“ - Горгопик

Координати: 40°57′29″N 22°31′19″E / 40.95806° СГШ; 22.52194° ИГД / 40.95806; 22.52194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Камбанаријата, училиштето и црквата
Карта
40°57′29″N 22°31′19″E / 40.95806° СГШ; 22.52194° ИГД / 40.95806; 22.52194
МестоГоргопик, Гуменџиско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1862
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Горгопик, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Христос Седржител од средишниот кораб

Црквата е парохиски и гробишен храм на селото, на северозападниот крај на гробиштата. Според релјефна плоча на источната страна и плоча над западниот влез, изградена е во 1862 г. Претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 12,4 × 22,3 м. Од запад има трем, денес затворен со таванска просторија. Храмот има единечен мансарден покрив со карактеристични засеци и на обете коси страни. Корабите се поделени со колонади. Иконостасот кои ги двои олтарот и наосот е дрвен. Апсидата е полукружна одвнатре и петстрана однадвор. Внатре иконостасот, амвонот, престолот и двата проскинитара се резбани. Парапетите се насликани со свеќиња и вазни во силни бои. Во нишата на жртвеникот има зачувана фреска.[1] Камбанаријата е куловидна и сместена на извесно растојание од црквата. Во храмот има икони од Николаос Константину од погрченото солунско село Кулакија и Христо Сакелариев од Петрово, Ениџевардарско.[3]

Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „15. Ιερός ναός Αγίου Νικολάου Γοργόπης“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 23 јуни 2014.[мртва врска]
  2. „Γοργόπη, Ι.Ν. Αγίου Νικολάου“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2022-05-14. Посетено на 14 март 2018.
  3. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/11062/273/18-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 22 октомври 2014.