Црква „Св. Никола“ - Гиновци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Местоположба

Карта

Координати 42°10′53″N 22°09′20″E / 42.18139° СГШ; 22.15556° ИГД / 42.18139; 22.15556Координати: 42°10′53″N 22°09′20″E / 42.18139° СГШ; 22.15556° ИГД / 42.18139; 22.15556
Место Гиновци
Општина Ранковце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба XVI - XVII век
Архитектонски опис

Св. Николаправославна црква во кривопаланечкото село Гиновци, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Црквата е еднокорабен гробишен храм. Датира од крајот на XVI до првата деценија на XVII век судејќи по зачуваниот фрескопис на сводот и северниот ѕид. Се издвојува претставата на Свети Јоаким Осоговски насликан до Света Петка. Во сцените на Великите празници е прикажан и по еден пророк кој го претскажал настанот.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1331. ISBN 978-608-203-024-1.