Црква „Св. Никола“ - Бизово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Карта
40°56′8.0″N 21°58′24.2″E / 40.935556° СГШ; 21.973389° ИГД / 40.935556; 21.973389Координати: 40°56′8.0″N 21°58′24.2″E / 40.935556° СГШ; 21.973389° ИГД / 40.935556; 21.973389
МестоБизово, Воденско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1860
Управа
Архијерејско намесништвоС’ботско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Свети Никола (грчки: Ναός Αγίου Νικολάου) — црква во селото Бизово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е изградена во 1860 г., за што сведочи натписот на нејзината надворешност. Се наоѓа на половина километар јужно од селото, крај патот за с. Манастир. Претставува трикорабна бескуполна базилика типична за своето време. Има женска црква и мала камбанарија. Од запад и југ има отворен трем. Внатре има оригинален дрвен иконостас и типичен амвон. Фреските се варосани.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Church of Saint Nicholas in Megaplatanos“. Megaplatanos. Архивирано од изворникот на 2018-04-28. Посетено на 27 април 2018.