Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Бабино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата заедно со камбанаријата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоКрушевско-демирхисарско
ПарохијаСопотничка
Местоположба

Карта

Координати41°17′52″N 21°04′19″E / 41.29778°N 21.07194°E / 41.29778; 21.07194
МестоБабино
ОпштинаДемир Хисар
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Изградба1858
Завршено1858
Осветување1858
Живопис1888
ЗографЈосиф и Јаков Радевич
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во селото Бабино. Црквата се наоѓа на неколку стотини метри по селото, од десната страна на патот кој води кон селото Базерник, на возвишение коешто се издига над селото.

Околу црквата се наоѓаат и самите селски гробишта, кои се сместени на мала површина и има гробови дури и до самата црква. Низ самите гробишта и дворот на црквата тече мал поток.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната и осветена во 1858 година, што може да се забележи и од натписот над влезниот портал на западната фасада.[1]

Била насликана триесет години по нејзината изградба,[1] нешто што се забележува од ктиторскиот натпис над западната врата, во кој е запишано дека фрескоживописот бил завршен на 11 јуни 1888 година. Камбанаријата на црквата била изградена во 1922 година.

Во текот на 2014 година, од црквата се украдени 18 икони, мал сребрен крст и пари.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Камбанаријата на црквата има шестаголна основа.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Митревски, Никола. „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Институт за старословенска култура. Прилеп. Посетено на 26 јули 2016.
  2. „Украдени 18 икони од црква во Бабино“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 8 април 2014. Посетено на 26 јули 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]