Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ - Јабланица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Мина, Виктор и Викентиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Ложанска
Местоположба

Карта

Координати 41°19′2.5″N 20°35′8″E / 41.317361° СГШ; 20.58556° ИГД / 41.317361; 20.58556Координати: 41°19′2.5″N 20°35′8″E / 41.317361° СГШ; 20.58556° ИГД / 41.317361; 20.58556
Место Јабланица
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Мина, Свети Виктор и Свети Викентиј
Изградба 1975
Архитектонски опис

Свети Мина, Виктор и Викентиј (позната и како Света Мартинија) — нова црква во селото Јабланица.[1]

Црквата се посетува и во неа се изведува богослужба за време на поголемите празници.[2]

Во кругот на црквата се наоѓаат гробишта на поголемиот број на семејства на Дејкоска Маала и на неколку од Горна Маала.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на едно возвишение во Дејкоска Маала.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека денешната градба, која е од 1975 година е подигната на темелите на претходна, чиешто постоење временски се лоцира порано отколку црквата „Св. Богородица“ во Топлец.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Во оваа црква фрескоживописот е доста скромен и насликан во поново време, иконостасот е без некоја посебна уметничка вредност, но при кражба во црквата, биле украдени неколку вредни икони. Украдените икони исто како и во црквата „Св. Богородица“ се заменети со веродостојни реплики.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Цркви“. Мојата Јабланица. Посетено на 8 ноември 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]