Црква „Св. Мина“ - Чудила
| Свети Мина | |
|---|---|
| Αγίου Μηνά | |
![]() | |
| 39°47′13″N 20°48′05″E / 39.7869°N 20.8013°E | |
| Место | Чудила, Загорско |
| Земја | Епир, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Изградба | 1778 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Средно-западно загорско |
| Епархија | Јанинска |
Свети Мина (грчки: Αγίου Μηνά) — црква во селото Чудила, Загорско, Епир, денешна Грција. Влегува во состав на Јанинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата претсатвува парохиски храм, сместен во северниот дел на селото, поточно во Долно Маало. Според ктиторскиот натпис сместен над јужниот влез, црквата била изградена во 1778 година, врз темелите на постар храм.[2][3]
Градбата претставува трикорабна базилика со припрата, женска црква и полукружна апсида со три слепи ниши.[2] Средниот кораб е највисок, одделен со столбови кои образуваат неколку лакови. Дрвениот иконостас вклучува делови од стар резбан и позлатен иконостас. Забележителни се и царските двери и амвонот.[3] Живописот во внатрешноста е добро зачуван, дело на истакнатиот карпешовски зограф Атанасиос Анагност од 1812 г. Царските икони се дело на Јован Атанасиј (1780).[2][4]
Во дворот на храмот се наоѓа импресивна шестаголна камбанарија, подигната во 1896 г. од Николаос Сакелариу, трговец во Гаешт, Романија. Часовникот на камбанаријата е донесен од Виена.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ΙΒ΄ Ἀρχιερατικὴ Περιφέρεια Δυτικοῦ & Κεντρικοῦ Ζαγορίου“. Ιερά Μητρόπολις Ιωαννίνων. Посетено на 11 мај 2025. line feed character во
|title=во положба 27 (help) - 1 2 3 „Ναός Αγίου Μηνά, Δίκορφο“. izagori. Посетено на 11 мај 2025.
- 1 2 3 „Μνημεία – Αξιοθέατα – Δίκορφο“ (грчки). Посетено на 11 мај 2025.
- ↑ „150 χιλιάδες για την διάσωση του Αγίου Μηνά στο Δίκορφο“. epirusPost. 13 август 2024. Посетено на 11 мај 2025.
