Црква „Св. Мина“ - Гарниково
![]() ![]() Свети Мина
| |
![]() Урнатата црква во селото | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Ваташка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′00.9″N 22°2′14.3″E / 41.333583°N 22.037306°E |
Место | Гарниково |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Мина |
Изградба | 1837 |
Живопис | 1877 |
Зограф | Крсте Зограф од Велес |
Рушење | 1980-ти |
Архитектонски опис |
Свети Мина — урната главна селска црква во селото Гарниково.[1][2]
Црквата е сместена под селото. Пред две децении оваа црква се урнала од дотраеност и поради негрижа, а само дел од иконите биле пренесени во црквата „Св. Димитрија” во Кавадарци.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]
Црквата била изградена во 1837 година, што го дознаваме од зачуваниот натпис кој се наоѓал над западната врата од надворешната страна на црквата.[2]
Пред две децении селската црква се урна од дотраеност и поради негрижа. Непосредно по уривањето црквата имаше страотна и морничава глетка: купишта од камења, греди, остатоци од таваници, икони под урнатините, делови од иконостасот со кандила кои висат, фрески расфрлани по подот со малтерот кој се одлепил од ѕидот. Тоа што можеше да се прибере беа иконите кои беа однесени во Кавадарци во црквата Св. Димитрија.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својата архитектурна форма била трикорабна градба со нагласен среден кораб што се надвишувал над страничните. На западната страна имало нартекс, кој се одвојувал од наосот на црквата со два реда колони.[2] Црквата имала и отворени тремови на јужната и западната страна, додека камбанаријата била во урнатини уште пред уривањето на црквата.[3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата била целосно фрескоживописана во 1877 година од страна на зографот Крсте Зограф од Велес, напишана во ктиторскиот натпис на црквата.[2][3]
Фрескоживописот во црквата потекнувал од два временски периоди: олтарната апсида и горните партии на наосот, во главниот кораб, биле од 1837 година, кога била подигната црквата, а другиот - во долните зони и оној во тремот бил од 1877 година.[2][3]
На западната фасада било насликано Второто пришествие Христово (Страшниот суд). Во олтарната апсида била насликана Богородица Ширшаја со по еден ангел од левата и десната страна, а во нишата на проскомидијата ликот на Христос. Во наосот на црквата над седиштето на северниот ѕид имало неколку сцени: Бесење Јудино, Христос пред Пилат, Бичување Христово, Распетие Христово и други. Втората зона од северниот ѕид ги претставуваше композициите Јуда дава согласност, Тајната вечера, Предавство Јудино и други. На јужниот ѕид во првата зона било насликано Оплакување Христово, Воскресение Христово, Жртва Аврамова и Св. Атанасиј. Во втората зона беа насликани композициите: Воскресение Лазарево и Влегување во Ерусалим (Цветници).[3]
На една икона каде што е претставена Св. Мина во нејзиниот долен дел има натпис: „Анастасија иконописател от село Крушево в лета 1840".
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот во црквата
-
Фреска над влезот во црквата
-
Разрушената внатрешност на црквата
-
Разрушената црква
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 23 февруари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Архивирано од изворникот на 2016-05-21. Посетено на 23 февруари 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Мина“ - Гарниково на Ризницата ?