Црква „Св. Матрона Хиоска“ - Пилкати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Матрона
Αγίας Ματρώνας
Карта
40°27′29″N 20°54′2″E / 40.45806° СГШ; 20.90056° ИГД / 40.45806; 20.90056Координати: 40°27′29″N 20°54′2″E / 40.45806° СГШ; 20.90056° ИГД / 40.45806; 20.90056
МестоПилкати, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1873
Управа
Архијерејско намесништвоНестрамско
ЕпархијаКостурска

Света Матрона (грчки: Αγίας Ματρώνας) — црква во селото Пилкати, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Оваа убава камена црква е изградена во 1873 г. според натписите со камени релјефи над прозорот и над влезот. Камената трикатна камбанарија е изградена во 1903 г. заедно со онаа на „Успение на пресв. Богородица“ во Јановени. Славата била на 2 мај и 9 ноември.

На крајот од Граѓанската војна во 1949 г. селото е бомбардирано и црквата настрадала. По напуштањето на Пилкати по војната, во црквата се населиле овчари кои предизвикале пожар во кој изгорела нејзината внатрешност заклучно со вредниот иконостас од времето на изградбата. Исчезнале и киворот од околу 1600 г. и киворот на Свети Алексеј украсен со 7 – 8 кг сребро. Спасени се резбаниот парапет на балконот и неколку икони.

Во 1980 г. храмот е обновен со средства на пилкатците иселени во САД и Австралија. Денес нејзиниот празник е во средината на август.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Γιαννοχώρι – Λιβαδοτόπι“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 23 декември 2015. no-break space character во |title= во положба 11 (help)
  2. „Ασυνήθιστοι ναοί στην περιοχή της Καστοριάς“. Ιστορικά Καστοριάς. 16 декември 2019. Посетено на 29 јануари 2020.