Црква „Св. Ксенија и Св. Нектариј“ - Солун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Ксенија и Свети Нектариј
Οσία Ξένη – Άγιος Νεκτάριος
Карта
40°36′15″N 22°58′8″E / 40.60417° СГШ; 22.96889° ИГД / 40.60417; 22.96889Координати: 40°36′15″N 22°58′8″E / 40.60417° СГШ; 22.96889° ИГД / 40.60417; 22.96889
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1922 – 1924
Управа
ЕпархијаСолунска

Света Ксенија и Свети Нектариј (грчки: Οσία Ξένη - Άγιος Νεκτάριος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Храмот се наоѓа во населбата Харилау, на улица „„Папанастасиос“ бр 127. Изградена е од 1922 до 1924 г. од грчките доселеници од Мала Азија и претставува нивен парохиски храм. Нејзината изградба ја овозможил претседателот на Првото градежно друштво Епаминондас Харилаос и храмот го нарекол по мајка му Поликсена.[2]

По завршувањето на новиот парохиски храм „Св. Ксенија“ (1967), сместен на улицата „Мараслис“, црквата го добила името „Св. Ксенија и Св. Нектариј“ и станала негов параклис, но продолжила да работи како редовна парохиска црква. Свети Нектари е додаден како покровител бидејќи на ова подрачје живееле многу старостилци, и за да се истакне дека црквата е потчинета на Солунската митрополија. Во 1979 г. црквата е целосно обновена, вклучувајќи ги ѕидовите, покривот и фасадата. Во 1993 г. е изработен резбан иконостас по цена од 5.800.000 драхми, на кој има икона на Света Ксенија од 1945 г. Во 2013 г. се извршени нови подновителни зафати.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Οσία Ξένη - Άγιος Νεκτάριος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Посетено на 10 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 57.