Црква „Св. Константин и Елена“ - Скребатно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Константин и Елена

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Седма охридска
Местоположба

Карта

Координати 41°8′59.18″N 20°53′23.9″E / 41.1497722° СГШ; 20.889972° ИГД / 41.1497722; 20.889972Координати: 41°8′59.18″N 20°53′23.9″E / 41.1497722° СГШ; 20.889972° ИГД / 41.1497722; 20.889972
Место Скребатно
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Константин и Елена
Изградба 1999
Архитектонски опис

Свети Константин и Елена — понова селска црква во охридското село Скребатно.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа околу 500 метри пред познатиот Скребатински манастир, сместен високо над селото Скребатно.[2]

Во близина се наоѓа и лековита вода, на која е изградена чешма.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 10 септември 1999 година.[3]

Оваа црква била подигната откако на Гоце Лолески од селото му дошло на сон. На сонот, Гоце се нашол на местото каде што е црквата. На патот стоел човек со икона во рацете, кој му ја предал иконата и си заминал.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата има квадратна основа и кубе. Изградена е од делкан камен, травертин.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата не поседува никаков живопис.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.
  3. „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]