Црква „Св. Константин и Елена“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Константин и Елена

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Место Центар
Општина Центар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Константин Велики и Света Елена
Изградба 1903 - 1919 (прва), 2012 (втора)
Осветување 1926 (прво), 2012 (второ),
Архитектонски опис

Свети Константин и Еленамакедонска православна црква во изградба во центарот на Скопје.[1]

Старата црква[уреди | уреди извор]

Поглед на старата црква
Црквата Св. Константин и Елена по земјотресот во Скопје од 1963 година

Првобитниот храм бил граден пред и по Првата светска војна, а бил осветен во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970тите години храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар.[2] Нестор Алексиев го изработил еднокрилниот, одмерено расчленет и обликуван иконостас, висок неколку метри, а широк околу 10 метри. Денес делови од овој иконостас се наоѓаат во црквата „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери, и во „Св. Никола“ во Куманово.

Новата црква[уреди | уреди извор]

Првобитно, возобновување било замислено црквата да се гради на неколку метри од старите темели, односно на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје. Но, по бурните реакции и несогласувања на муслиманите и атеистите, локацијата била преместена непосредно до Домот на АРМ и недалеку од автентичното место на скопскиот плоштад. Осветувањето на темелите било извршено на 11 ноември 2012 година лично од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот брегалнички Иларион и свештеници од Скопската епархија. На настанот присуствувале премиерот Никола Груевски, министри од Македонската влада и градоначалниците на Скопје.[3]
Идејното решение и основниот проект на црквата било изработено од архитектите Искра и Лековска и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ од Скопје, додека изградбата на црквата ја вршела фирмата „Бетон“. Црквата е во форма на крст и има една централна и четири помали куполи, како и четири апсиди и една олтарна апсида. Камен-темелникот бил поставен на 11 ноември 2012 година, а инвеститор на изградбата била МПЦ која за таа цел ја основала Фондацијата „Свети цар Константин“. За да собере пари за изградба на црквата, фондацијата одржала три донаторски конференции. За потребите на црквата биле изработени 12 камбани, направени во фабриката „Грасмаер“ од Инсбрук, од кои, најголемата камбана е со тежина од 8,3 тони, а втората и третата камбана тежат 3,5 и 2,3 тони. Пластичната декорација и иконите на камбаните се дело на Дарко и Елена Дуковски. На најголемата камбана стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“, додека на второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Анела Петрова, „Ќе создаваат музика во три октави во празниците и неделите“, Дневник, година XIX, број 5862, петок, 11 септември, стр. 20.
  3. „Камен-темелник за обнова на црквата „Св. Константин и Елена". Дневник. 11 ноември 2012. Посетено на 2012-11-11.[мртва врска]