Прејди на содржината

Црква „Св. Климент Охридски“ - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Климент Охридски
македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаШтипска
Местоположба

Карта

Координати41°44′49.2″N 22°11′52.4″E / 41.747000°N 22.197889°E / 41.747000; 22.197889
МестоШтип
ОпштинаШтип
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Климент Охридски
Изградба1997
Завршено2012
Осветување4 ноември 2012
Архитектонски опис
Архит. типкрстокуполен храм

Свети Климент Охридскицрква во штипската населба Сењак.

Историја

[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1997 година од страна на тогашниот митрополит на Брегалничката епархија г. Стефан. Изградбата на црквата завршила во 2012 година и истата била осветена на 4 ноември истата година од страна на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и во присуство на митрополитите на Преспанско-пелагониската епархија г. Петар, на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, на Повардарската епархија г. Агатангел, на надлежниот митрополит на Брегалничката епархија г. Иларион, како и на други црковни лица. Со свеченоста на осветувањето воедно се одбележал и 45-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата претставува крстокуполен храм, при што куполата е со осумаголна основа. Градбата во целост е фасадирана и обоена во бела боја. Дрворезот на иконостасот е изработен од страна на штипскиот копаничар Стојмир Веселинов, а иконите се дело на скопскиот зограф Никола Цонев.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]