Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Преод
Свети Кирил и Методиј
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°54′10.4″N 21°50′57″E / 41.902889° СГШ; 21.84917° ИГДКоординати: 41°54′10.4″N 21°50′57″E / 41.902889° СГШ; 21.84917° ИГД |
Место | Преод |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Кирил и Методиј |
Завршено | 1973 |
Архитектонски опис |
Свети Кирил и Методиј[б 1] — црква во близина на селото Преод.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата е сместена на неколку стотина метри јужно од селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на селото.
Историја[уреди | уреди извор]
Непосредно до главниот влез на црквата е испишана 1973 година, што укажува дека веројатно тогаш била изградена.
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата има правоаголна основа без апсида на источната страна. На западната страна има припрата којашто води во главниот влез, а храмот има и спореден влез на јужната страна пред којшто е доградена мала припрата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Во дворот на црквата има помошен објект.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Димитриј“ - Преод
- Преод
- Брегалничка епархија
- Штипско архијерејско намесништво
- Втора светиниколска парохија
Белешки[уреди | уреди извор]
- ↑ На патоказната табла на патот во близина на црквата се среќава и како Свети Јован Крстител.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Преод на Ризницата ?