Црква „Св. Кирик и Јулита“ - Бер

Координати: 40°31′22″N 22°12′19″E / 40.52278° СГШ; 22.20528° ИГД / 40.52278; 22.20528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Кирик и Јулита
Αγίων Κηρύκου και Ιουλίττας
Поглед на црквата од запад
Карта
40°31′22″N 22°12′19″E / 40.52278° СГШ; 22.20528° ИГД / 40.52278; 22.20528
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свети Кирик и Јулита (грчки: Αγίων Κηρύκου και Ιουλίττας Βέροιας) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Дел е од парохијата „Св. Јован Милостив“.[3][4]

Храмоте е изграден во XIV век од епископот Макариј Берски според керамопластичниот натпис на надворешниот ѕид на конхата на жртвеникот. Според писмо на патријархот Антониј IV од 1395 г., црквата била главен храм на ставропигијален манастир и подоцна е претворена во парохиска црква. Ова се случило во 1589 г. кога Костис станал ктитор на новото живописување на црквата.[1][2]

Првичната црква била крстокуполна со впишан крст — единствен пример за манастирска црква со тој облик. Веројатно во XVI век куполата паднала и е направен дрвен покрив. Од исток има три керамопластично украсени апсиди. Во жртвеникот има остатоци од фрески од средината на XIV век, а на надворешниот западн и јужен ѕид има остатоци од XV век. Според надвратниот натпис на западниот влез, во 1589 г. Костис платил за повторно живописување на храмот. Тогаш се зографисани апсидата и северниот и јужниот ѕид на жртвеникот. Од истиот период се и фреските во наосот, кои се распоредени во три подрачја. Во најниското се светци во полн раст, во втората има сцени од животот на Пророкот Илија и други теми, како на пр. молитвата на Јоаким, Благовештението на Ана, Јоаким и Ана, Свети Игнатиј, и на крај во третото подрачје се Дванаесетте празници. Во XVII век е довршено зографисувањето на храмот со фрески на Исус Христос и Богородица на престол.[1][2]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Πέτκος, Αντώνης. „Ναός Αγίων Κηρύκου και Ιουλίττας Βέροιας“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-07-02. Посетено на 17 мај 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Άγιοι Κύρηκος και Ιουλίττα“. Discover Veria. Посетено на 30 јули 2016.
  3. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 30 јули 2016.
  4. „Ναός Αγίων Κηρύκου και Ιουλίττας, Βέροια“. Greek Orthodox Religious Tourism. Посетено на 24 октомври 2016.
  5. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]