Црква „Св. Илија“ - Радовиш
Изглед
Свети Илија | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Радовишко |
| Парохија | Втора радовишка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°38′40″N 22°27′23″E / 41.64444°N 22.45639°E |
| Место | Радовиш |
| Општина | Радовиш |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | 1831 - 1859 |
| Архитектонски опис | |
| Стил | преродбенички |
Св. Илија — православна црква во градот Радовиш, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Радовишкото архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на северозападниот крај на градот. Градена е од 1831 до 1859 г. Иконите се од XIX век, дело на непознат автор, иако дел од нив му се припишуваат на Крсте Зограф.[1] Иконостасот е делумно изрезбан, а на царските двери, кои исто така се резбани, е означено дека се изработени во 1843 г. Храмот не е живописан.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 29.
- ↑ „Радовишко архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 28 март 2014.


