Црква „Св. Илија“ - Мирковци
Свети Илија | |
Поглед на црквата „Св. Илија“ (зад дрвото е соседната „Св. Богоридица“) | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°05′08.5″N 21°24′35.2″E / 42.085694°N 21.409778°E |
| Место | Мирковци |
| Општина | Чучер-Сандево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Завршено | 1879 |
| Архитектонски опис | |
Св. Илија Долни — црква во скопското село Мирковци, Општина Чучер-Сандево, храм на Чардачкиот манастир. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на падините на Скопска Црна Гора, јужно од Мирковци и источно од Глуво. Се наоѓа во месноста Чардак, поради што манастирот е наречен Чардачки. До оваа црква е сместена и црквата „Св. Богородица“. Иконостасот е дело на видниот живописец Нестор Алексиев Мирчевски.
Историја
[уреди | уреди извор]Според Георги Трајчев, црквата е изградена е во 1879 г. од монахот Софрониј, родум од Мирковци, на својот личен имот и ја ставил под јурисдикција на Бугарската егзархија на која ѝ служел. Намерно ја нарекол „Св. Ѓорѓи“ со цел да ги одвлече посетителите на истоимената манастирска црква во Бањане, која била под раководство на српската (патријаршиска) струја.[1]
Почнувајќи од 1905 г. српската струја почнала да навлегува во службата и управата и на мирковската црква, што предизвикало бурни реакции. Така, борбата помеѓу двете пропаганди продолжила ожесточено до самиот крај на отоманската држава.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 116.
- ↑ Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 117.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Мирковци на Ризницата ?


