Црква „Св. Илија“ - Коњско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Втора ресенска
Местоположба

Карта

Координати 40°55′7″N 20°58′29″E / 40.91861° СГШ; 20.97472° ИГД / 40.91861; 20.97472Координати: 40°55′7″N 20°58′29″E / 40.91861° СГШ; 20.97472° ИГД / 40.91861; 20.97472
Место Коњско
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1922 (обновена)
Архитектонски опис

Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Коњскарскиот манастир во селото Коњско, Македонија.[1]

Црквата со својата местоположба кај заливот Лиса пружа прекрасен поглед на Преспанското Езеро.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на околу 2 километри северозападно од селото, изградена на карпа на самиот брег на Преспанското Езеро.[3]

Црквата се наоѓа околу 2 километри од селото Коњско и околу 6 километри од селото Стење. До нејзе може да се стигне преку возило преку макадамски пат, како и пеш преку стрмна тесна патека. И двете се издвојуваат од локалниот пат помеѓу двете села.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната во 1922 година на стари темели, што се забележува и од натписот во нишата над влезот, каде стои 10 мај 1922 година. Во нејзина непосредна близина постојат остатоци од градби кои упатуваат на претпоставката дека во минатото тука се наоѓал манастир.[3] Претходната градба на црквата се верува дека потекнува од 1870 година.[2]

Денес, манастирот е обновен.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата не поседува фрескоживопис.

Иконостас[уреди | уреди извор]

Во внатрешноста на црквата има иконостас.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ЕЗЕРСКА ТУРА: Село Стење – Манастир Свети Илија со плажа Вакув во заливот Лиса село Коњско – Островот Голем град“. 2020-06-19. Посетено на 2022-02-01.
  3. 3,0 3,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 154. ISBN 9789989920554. Посетено на 1 февруари 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]