Црква „Св. Илија“ - Градско Балдовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Илија
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Место Градско Балдовци
Општина Струмица
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Св. Илија
Изградба 1936
Архитектонски опис

„Св. Илија“христијански храм кој се наоѓа во Градско Балдовци, Општина Струмица.

Денешната црква започнала да се гради во 1936 година, додека следната 1937 година била завршена. Претходно, на местото каде денеска се наоѓа црквата, постоела друга црква, која се претпоставува дека била срушена во времето на османлиските освојувања. По доаѓањето на Османлиите, ова место започнало да се користи како христијански гробишта.

Во текот на годините, христијанскиот храм бил на неколкупати реновирен.

На христијанскиот празник Митровден, во црквата се дава вечера, додека како официјален патрон црквата го слави 2 август, денот посветен на Свети Илија.