Црква „Св. Илија“ - Велушина
Изглед
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Бистричка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 40°55′38″N 21°21′6″E / 40.92722°N 21.35167°E |
| Место | Велушина |
| Општина | Битола |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Пророк Илија |
| Изградба | XVIII век |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
Свети Илија — главна гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото село, сместена во јужниот дел на селото, на почетокот на патот за Велушкиот манастир („Св. Ѓорѓи“).
Архитектура
[уреди | уреди извор]Претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна и калкански покрив. Од југ и запад има отворен трем потпрен на дрвени столбови. Храмот има засводен влез од југ.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Во наосот нема траги од живопис. Во апсидата се зачувани фрески на Богородица со Малиот Христос, како и четворица архијереи во долното подрачје, които по стилските особености се датираат во XVIII век, со тоа и самата црква.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]На стариот обичен иконостас има икони од втората половина на XVIII и почетокот на XIX век.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Гробишта во црковниот двор
- Припратата на јужната страна
- Влезот
- Ниша над влезот
- Припратата на западната страна
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Велушина на Ризницата ?


