Црква „Св. Димитриј и Св. Бессребреници“ - Додулари

Координати: 40°41′19″N 22°51′33″E / 40.68861° СГШ; 22.85917° ИГД / 40.68861; 22.85917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј и Свети Бессребреници
Αγίου Δημητρίου & Αγίων Αναργύρων Διαβατών
Карта
40°41′19″N 22°51′33″E / 40.68861° СГШ; 22.85917° ИГД / 40.68861; 22.85917
МестоДодулари, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1971 – 1981
Управа
ЕпархијаНеаполско-ставруполска

Свети Димитриј и Свети Бессребреници (грчки: Αγίου Δημητρίου & Αγίων Αναργύρων Διαβατών) — црква во селото Додулари, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Проектот за изградба на нов храм до старата македонска црква „Св Димитриј“ во Додулари е изработен во 1969 г. Во 1971 г. епископот Стефан Талантски го ставил камен-темелникот на новата црква, по наредба на митрополитот Пантелејмон Солунски. Во 1974 г. парохијата е приклучена кон новосоздадената Неаполско-ставруполска епархија. На 31 мај 1981 г. црквата е конечно осветена од митрополитот Дионисиј Неаполско-ставруполски. Наречена е по Свети Димитрија Солунски и на Светите Бессребреници Кузман и Дамјан, на кои е посветен параклис во внатрешноста.[1]

Храмот претставува трикорабна базилика.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ι. Ν. Αγ. Δημητρίου & Αγ. Αναργύρων Διαβατών“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2016-10-25. Посетено на 8 октомври 2016.