Црква „Св. Димитриј“ - Штрбово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Димитриј
Викиекспедиција Преспа 200.jpg

Поглед на црквата заедно со малиот параклис покрај неа

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба
Координати 40°55′58″N 21°07′08″E / 40.93278° СГШ; 21.11889° ИГД / 40.93278; 21.11889Координати: 40°55′58″N 21°07′08″E / 40.93278° СГШ; 21.11889° ИГД / 40.93278; 21.11889
Населено место Штрбово
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба 1920
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна градба
Портал „МПЦ“

Свети Димитриј — селска црква во селото Штрбово, Општина Ресен, Македонија.[1]

Се наоѓа југоисточно од положбата на Штрбово (Горно Село). Била изградена во 1920 година од браќата Јоше, Иљо, Јосиф и Тодор Кирјаковски. Веднаш до неа е подигнат друг параклис во помали димензии од мештанката Гелејца Костовска.[2]

Положба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена на една доминантна височинка, до која речиси по изохипса се стигнува од старото село по земјениот пат. Од местоположбата на црквата се пружа една од најубавите глетки на источниот брег на Големото Преспанско Езеро.[3]

До црквата, денес може да се стигне преку асфалтниот пат кој води до соседната црква „Св. Атанасиј“, а подоцна преку земјен пат преминувајќи ја Штрбовска Река.

Градба[уреди | уреди извор]

Црквата претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страда и влез од запад. Над западниот влез во црквата од надворешната страна во плитка ниша поставена е мермерна плоча со подолг врежан натпис. Од натписот се дознава дека е обновена во 1929 година со помош на прилозите од жителите на Штрбово.[3]

Црква била изградена од браќата Јоше, Иљо, Јосиф и Тодор Кирјаковски.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Во внатрешноста нема ѕидно сликарство.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Црквата има иконостас, но без икони со забележителни уметнички квалитети.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 324. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. посет. 11 декември 2016 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Палигора, Ристо (декември 2011). "Студија за манастирски туризам на Баба Планина" (PDF) (македонски). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. конс. 11 декември 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]