Црква „Св. Димитриј“ - Черпишта

Координати: 40°54′48.4″N 23°28′49.2″E / 40.913444° СГШ; 23.480333° ИГД / 40.913444; 23.480333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Поглед на црквата
Карта
40°54′48.4″N 23°28′49.2″E / 40.913444° СГШ; 23.480333° ИГД / 40.913444; 23.480333
МестоЧерпишта, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типбазилика
Завршена1740
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Черпишта, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен и парохиски храм, сместен во јужниот дел на селото. Изградена е во 1740 г. според натпис во олтарот. Подоцна настрадала во пожар и обновена е како базилика. Има живопис од XVIII век и резбани дрвени тавани. Иконите на иконостасот се изработени меѓу 1865 и 1885 г.[1]

Во парохијата влегуваат и параклисите „Живоносен Извор“ и „Неракотворен Образ“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 3 ноември 2014.