Црква „Св. Димитриј“ - Теарце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Димитриј
Sv. Dimitrij od Tearce.JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Теаречка
Местоположба
Населено место Теарце
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Димитриј Солунски
Изградба 29 август2000
Осветување 11 октомври 2007
Живопис 2005
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Великомаченик Димитриј Солунски претставува најновата црква во тетовското село Теарце. Започната е со изградба во 2000 година, завршена е во краток период, а додека осветена е на 11 октомври 2007[1]. Патрониот празник на црквата се слави на Митровден, секоја година на 8 Ноември.[2]

Изградба[уреди | уреди извор]

Во 2000 година православните верници од село Теарце покренале иницијатива за изградба на меморијален комплекс посветен на македонскиот преродбеник јеромонахот Кирил Пејчиновиќ кој роден во ова село, на старото вакалско место Збирало. Изградбата на црквата започнала на 29 август 2000 година веднаш по празникот Голема Богородица. Со помош на иселените теарчани од градот Детроит - САД црквата била изградена во рекордно време. За време на војната во 2001година била изгорена влезната врата[3], па поради тоа беа прекинати тамошните работи на внатрешното уредување за да продолжи во 2005 и да се изработи фрескоживописот.

Настани од 2001[уреди | уреди извор]

И оваа црква како и другите цркви во тетовскиот крај не била поштедена од вандализмот на албанските терористички банди за време на тетовскиот конфликт. Истите тие во 2001 година стрелале со огнено оружје по фасадата на црквата, ја запалиле влезната врата[4] (најверојатно во обид да ја запалат целата црква),го искршиле и одстраниле Светиот Крст кој што се наоѓал во дворот на црквата, ја искршиле и одстраниле бистата на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михајловска, Лилјана (11.10.2007). „Осветена црквата во Теарце посветена Свети Великомаченик Димитриј Солунски“ (македонски). Кисс Тв. конс. 2010-09-09. 
  2. „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“ (македонски). Тетовско Архиерејско намесништво. конс. 2010-09-09. 
  3. „Опожарена вратата од црквата во Теарце“ (македонски). А1. 11 август 2002. конс. 2010-09-09. 
  4. Опожарена црква во Теарце“, Утрински Весник, 2001 (посет. 9 септември 2010 г). (на македонски)