Црква „Св. Димитриј“ - Стануловци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Димитриј
Црква „Св. Димитриј“ - Стануловци.jpg

Остатоци од црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Втора светиниколска
Местоположба

Координати 41°52′58″N 22°05′33″E / 41.88278° СГШ; 22.09250° ИГД / 41.88278; 22.09250Координати: 41°52′58″N 22°05′33″E / 41.88278° СГШ; 22.09250° ИГД / 41.88278; 22.09250
Место Стануловци
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитрија Солунски
Завршено XV век
Изгорена 2003
Архитектонски опис

Свети Димитриј — опожарена главна селска црква во селото Стануловци.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во крајниот североисточен дел од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата се претпоставува дека била изградена во XV век. Според други извори, таа била изградена во XIX век.[1] Иконите биле изработени од Коста Зограф и од непознат автор во XIX век. Во 2003 година, црквата била опожарена и од вредните предмети ништо не е сочувано.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Од остатоците на храмот се забележува дека таа гадбата имала правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓал на западната страна, а таа имала и спореден влез на јужната страна. Градена била од камен и била варосана. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 744.
  2. Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]