Црква „Св. Димитриј“ - Солун (1890)
Изглед
За истоимената стара црква во Солун, видете Црква „Св. Димитрија“ - Солун.
| Свети Димитриј | |
|---|---|
Цртеж на црквата | |
![]() | |
| 40°38′22.4″N 22°56′21.2″E / 40.639556°N 22.939222°E | |
| Место | Солун |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Бугарска егзархија |
| Архитектура | |
| Завршена | 1890 |
| Урната | 1917 |
| Управа | |
| Епархија | Солунска |
Свети Димитриј — поранешна црква во градот Солун, Егејска Македонија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена за македонското население во градот, тогаш веќе под врховенството на Бугарската егзархија. Отворена е на 8 мај 1890 г. и се наоѓала во Вардарското Маало, спроти Бурмали-џамијата на улица „Зелефхидон“ бр, 11 (денес улица „Антигониди“). Работела во две [[бондрук|бондручни] градби купени во 1887 и 1889 г. во име на егзархот Јосиф I под изговор дека ќе служат за кожарски склад. Потоа во зградите била сместена црквата и основно училиште. Од 1906 г. фигурира во османските дефтери како „бугарска црква“ на улица „Дикили Таш“.
Изгорела во Солунскиот пожар од 1917 г.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Българската общност. Църкви“. Солун и българите: история, памет, съвремие. Посетено на 12 декември 2017.
