Црква „Св. Димитриј“ - Лажец
Изглед
Свети Димитриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Бистричка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°01′20.6″N 21°17′02.6″E / 41.022389°N 21.284056°E |
| Место | Лажец |
| Општина | Битола |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Димитрија Солунски |
| Завршено | 1861 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Стил | преродбенички |
Свети Димитриј — главна селска и гробишна црква во битолското село Лажец, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е гробишен храм, подигната на извесно растојание североисточно од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната во 1861 година,[2] а обновена во 1996 година.[3]
За време на Првата светска војна, бугарската војска во црковниот двор го погребала нивниот потпоручник Фердинанд Доротоев (Доротеев) Попов, загинат на 6 октомври 1916 г. во преспанското село Р’мби.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Претставува голема трикорабна базилика со затворен трем на западната и јужната страна кој има заеднички покрив. Над западниот дел има камбанарија.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Главниот влез
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Споредниот влез
- Камбанаријата
- Црковниот двор
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 199. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ „Лажец“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 446, л. 2, 3; а.е. 279, л. 76
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Лажец на Ризницата ?


