Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево

Од Википедија — слободната енциклопедија

За црквата во Егејска Македонија, погледајте „Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево (Костурско)“.

Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПовардарска
Архијерејско намесништвоКавадаречко
ПарохијаВаташка
Местоположба

Карта

Координати41°17′5″N 21°59′40″E / 41.28472°N 21.99444°E / 41.28472; 21.99444
МестоКуманичево
ОпштинаКавадарци
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Димитрија Солунски
ИзградбаXIX век
Живопис1878
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабен
Стилпреродбенички

Свети Димитриј — главна селска црква во тиквешкото село Куманичево, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото,[2] веднаш на самиот влез од земјениот пат кој води од селото Бојанчиште.

Историја

[уреди | уреди извор]

Нема точни податоци за времето на изградба, но истражувачот Војислав Радовановиќ запишал во 1920-тите дека црквата била подигната на место на стара црква која била срушена од страна на Турците.[2]

На црквата постои спомен-плоча на која е запишано дека црквата се користела како магазин за време на НОБ од август 1943 до 30 мај 1945 година.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

По архитектонскиот облик, црквата е трикорабна со дрвени таваници. Има отворени тремови на јужната и западната страна.[3]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Целата внатрешност на храмот е покриена со живопис. Најзабележителна е композицијата „Второ пришествие Христово“ („Страшниот суд“), насликана на јужниот и западниот ѕид во наосот на црквата.[4]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

На иконостасот има натпис: „Сеи свети образи исписа Петре и сен его Глигор из Дебарску державу село Тресонче 1878“.[4]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 412-414.
  3. „Св. Димитрија, с. Куманичево“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 26 ноември 2021.[мртва врска]
  4. 1 2 „Ваташка парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 28 ноември 2007. Посетено на 26 ноември 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]