Црква „Св. Димитриј“ - Крива Паланка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј Солунски

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Парохија Кривопаланечка
Местоположба

Карта

Место Крива Паланка
Општина Крива Паланка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Изградба 1833
Живопис 1887
Градител Китан Петров
Ктитор Давид Јереј
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Димитриј Солунски — црква во Крива Паланка. Изградена е со големо залагање на градските првенци и самиот ктитор Давид Јереј во 1833 година, на што наведува и самиот натпис над западната влезна врата. Нејзин архитект е папрадишкиот мајстор Китан Петров. Црквата е трикорабна псевдобазилика, со откриен нартекс на запад и северозапад и ниска полукружна апсида од исток. Од јужната страна на храмот во 1935 година е подигната камбанарија. Внатрешноста на црквата е живописана во 1887 година од живописецот Димитар Андонов Папардишки. Иконостасот е богато украсен со флорални мотиви и пејзажи.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Справочник Крива Паланка, Крива Паланка, 2007, стр. 23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]