Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Кожушани

Координати: 41°2′14.3″N 22°9′14.0″E / 41.037306° СГШ; 22.153889° ИГД / 41.037306; 22.153889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
Άγιος Δημήτριος
Карта
41°2′14.3″N 22°9′14.0″E / 41.037306° СГШ; 22.153889° ИГД / 41.037306; 22.153889
МестоКожушани, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Управа
Архијерејско намесништвоС’ботско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Свети Димитриј (грчки: Άγιος Δημήτριος) — црква во селото Кожушани, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со женска црква, припрата, трем и камбанарија.[2] Оваа црква е впрочем новоградба, изградена како замена за претходната истоимена црква настрадана во пожар во 1990 г.[3] Од стариот храм се зачувани 11 икони од XIX век. Пет од нив се од 1887 г. и се потпишани од зографот Божин Стаменитов Ениџевардарец (χειρ Μποζύνου Σ. Γενιτζιότου).[1]

Црквата е прогласена за историски споменик на 16 мај 1996 г.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 574. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 мај 2018.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/9773/306/17-4-1996 - ΦΕΚ 351/Β/16-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-09. Посетено на 20 октомври 2014.
  3. . Δήμος Εξαπλατάνου http://lyk-exapl.pel.sch.gr/exaplatanos/filoteia.html. Посетено на 17 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)