Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Калапот

Координати: 41°14′22″N 23°48′30″E / 41.23944° СГШ; 23.80833° ИГД / 41.23944; 23.80833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
Ιερά Μονή Αγίου Δημητρίου
Фреска на Св. Кирил и Методиј со избришан словенски натпис како ја држат кирилицата, која исто така е избришана
Карта
41°14′22″N 23°48′30″E / 41.23944° СГШ; 23.80833° ИГД / 41.23944; 23.80833
МестоКалапот, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполен храм
Завршена1865
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Свети Димитриј (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Δημητρίου Πανοράματος) — црква на поранешен манастир кај селото Калапот, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3][4][5]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Храмот се наоѓа на 3 км западно од селото, на висорамнинка спроти падините на планината Сминица. До него води делумно одржан калдрмен пат.[5] Од манастирскиот комплекс денес не останало ништо освен црквата.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1865 г. со средства на казата според натписот на мермерна плоча над источниот прозорец[6].[7] Во 1952 г. во манастирот починал последният монах — игуменот Дионисиј.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Храмот претставува еднокорабен крстокуполен храм од тип распространет во XVI – XIX век на Света Гора и други места на Балканот.[1] Апсидата е се издава на исток. На западната и дел од јужната страна има трем.[3][5] Надворешните површини на црквата немаат никакви украси. Куполата е висок осумстран барабан, кој се исдига од страничните згради, без никаква друга потпора.[1] Два пара столбови го делат олтарниот простор од наосот, а други две две го делат наосот од припратата. Припратата е покриена со напречен свод. Тремот првично бил отворен и со столбови, а подоцна е затворен. Покриен е со ниски лакови, кои седат врз ѕидот. Храмот два влеза — еден од западната и еден од јужната страна. Прозорците се тесни и правоаголни, сместени од северната, јужната и источната страна. Трикатната камбанарија е оформена на влезната оска на запад.[5]

Црквата е исѕидана од речен камен и правоаголни мермерни блокови на аглите. Сводовите над окната исто така се од релјефни мермерни блокови. Тули има само во лаковите што го украсуваат куполниот барабан.[6]

Внатре се зачувани иконостасните икони, резбаниот владички престол и резбаниот проскинитар.[1] Резбаниот иконостас е висок речиси колку самата градба.[5] Царските икони на Христос Седржител, Богородица, Свети Димитриј и Свети Јован Претеча се од 1866 г., дело на зоградот Јеремија од Мелник.[5] Иконата на Свети Никола и Свети Харалампиј е датирана во 1872 г., порадена од Атанас Апостолов од Просечен и потпишана од Серги Георгиев.[8]

Сите внатрешни површини се покриени со фрески[6] од крајот на 1874 г.[2] и имале македонски натписи. Со потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во 1913 г., овие натписи се избришани.[1] Во апсидата е претставена Пресвета Богородица Поширока од небесата, а во куполата е Христос Седржител со четворицата евангелисти и пророци во барабанот.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Ιερά Μονή Αγ. Δημητρίου Πανοράματος“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 17 октомври 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Μονή Αγίου Δημητρίου Πανόραμα – Δράμας“. e-CITYmap DRAMA. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 17 октомври 2014.
  3. 3,0 3,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
  4. Δαδάκη, Σταυρούλα. „архивски примерок“. Δήμος Προσοτσάνης. Архивирано од изворникот на 2015-11-07. Посетено на 21 декември 2015. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 16.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 17.
  7. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 18.
  8. Δήμος Προσοτσάνης. Εκδηλώσεις και Δρώμενα 2018 (PDF). стр. 16–17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]