Црква „Св. Димитриј“ - Горно Броди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Поглед на црквата
Карта
41°17′35.7″N 23°41′12.9″E / 41.293250° СГШ; 23.686917° ИГД / 41.293250; 23.686917Координати: 41°17′35.7″N 23°41′12.9″E / 41.293250° СГШ; 23.686917° ИГД / 41.293250; 23.686917
МестоГорно Броди, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1835
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου Άνω Βροντού) — црква во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е парохиски храм.

Црквата е изградена во 1835 г. според мермерната плоча, на која се споменати и дарителите Јован, Атанас и Васил. Градбата претставува трикорабна базилика без купола. Има убав резбан иконостас, кој според Димитар Ќорнаков е дело на Макариј Фрчковски.[2] Иконостасот е реставриран во 2008 г.[1]

Васил К’нчов го посетил Горно Броди во 1891 г. и го забележал мермерниот под и квалитетот на резбата во црквата.[3]

Во истата 1891 г. Георги Стрезов напишал дека во обете селски цркви („Св. Димитриј“ и „Св. Богородица“) се служело и на словенски и на грчки.[4]

Во 1894 г. Бугарската егзархија ја добила црквата „Св. Димитриј“, а „Пресв. Богородица“ останала под Цариградската патријаршија сè до нејзиното целосно отфрлање во селото.[5]

Во парохијата влегуваат и храмовите „Св. Варвара“, „Св. Никола“, „Пресв. Богородица Живоносен Извор“ и „Св. Дух“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου Άνω Βροντού“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2017-11-15. Посетено на 31 октомври 2014.
  2. Ќорнаков, Д. Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на XVIII и XIX век. Прилеп, 1986, 182.
  3. Кънчов, Васил (1970). Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 181. Посетено на 3 ноември 2014.
  4. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 836.
  5. Баждаров, Георги (1929). Горно Броди. София. стр. 64. Посетено на 3 ноември 2014.