Црква „Св. Димитриј“ - Битуша
| Свети Димитриј | |
|---|---|
| Αγίου Δημητρίου | |
Иконата на Христос Седржител | |
![]() | |
| 40°51′32.7″N 21°22′1.4″E / 40.859083°N 21.367056°E | |
| Место | Битуша, Леринско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Изградба | 1837 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Леринско |
| Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Битуша, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм, сместен во југозападниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, трем на север и камбанарија. Според зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во 1837, а живописана во 1844 г. од Јован Михаил и Михаил од епирското село Кионат со средства на Аврам и Божин.[1]
Во храмот е зачувана вредна икона на Исус Христос Седржител од 1621/22 г. која според Викторија Поповска-Коробар е дело на првиот зограф од Сливничкиот манастир (1606/07) бидејќи ракописот на словенскиот текст на евангелието што го држи Христос е истиот како на ктиторскиот натпис во Сливница. Според неа, можеби станува збор за Илија Зограф, чие дело се фреските во „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ во пиринското село Недобарско и оние во „Св. Архангели Позерски“ во Костур. Иконата во Битуша е подарена од извесен поп Михаил.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Μουτσόπουλος, Νικόλαος Κ (2003). Εκκλησίες του νομού Φλώρινας. Θεσσαλονίκη: Μαλλιάρης. стр. 238. ISBN 960-239-627-Χ Проверете ја вредноста
|isbn=: invalid character (help). - ↑ Поповска-Коробар, Викторија (2015). „Ѕидното сликарство во црквата на Слимничкиот манастир“ (PDF). Патримониум.мк. 8 (13): 240.
