Црква „Св. Воведение на Пресвета Богородица“ - Шлегово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свето Воведение на Пресвета Богородица
Гробјанска црква 01.jpg

Поглед на главната селска црква „Св. Воведение на Пресвета Богородица“ во Шлегово

Македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кратовско
Парохија Кратовска
Местоположба
Населено место Шлегово
Општина Кратово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Св. Богородица
Изградба 1861
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црква „Св. Воведение на Пресвета Богородица“ - Шлегово — главна селска црква во селото Шлегово, во Општина Кратово. Се наоѓа на самото сретсело, во близина на регионалниот пат од Кратово до Пробиштип, кој поминува низ самото село. Одбележена е со својата камбанарија, која се забележува од далеку со својата убавина и необична градба. Камбанаријата е сместена на почетокот на стрмната уличка која води кон горното маало на селото. Изградена е целосно од камен и вообичаено се користи за венчавки и крштевки, за разлика од другата селска црква „Св. Никола“ на излезот на селото, која се користи за погреби, каде што се наоѓаат и самите селски гробишта.

Црквата располага со многу убав фрескоживопис и карактеристични икони, кои се истакнуваат со својата убавина.[1] Иконите се стари стотина години и најверојатно се донесени од стариот безимен манастир на еден од ридовите во околината на селото, кој бил разрушен од Османлиите во XV век.[2] Иконите биле случајно откриени од страна на црковниот одбор на црквата во еден стар куфер, за кој никој не проверив што содржи. На иконите се насликани Богородица, свети Михаил, свети Ѓорѓи, како и делови од библијата.[3]

Црквата е особено посетувана за време на неделите, кога доаѓаат самите селани, но и мештаните од околните села, како и од градот Кратово.

Приказна за клучот[уреди | уреди извор]

Клучот од влезната врата на црквата бил направен пред стотина години. За самиот клуч постои верување дека оној кој ќе ја отвори прв црквата со него, ќе има среќа и сите желби ќе му се исполнат.[2]

Камбанарија[уреди | уреди извор]

Особена убавина на црквата ѝ дава самата камбанарија, кој прекрасно се вклопува во самата околина со црквата, како и околните стари селски куќи. Камбаријата била изградена десетина години по завршувањето на самата црква со доброволни прилози од целото население. Самото ѕвоно во камбанаријата било направено од мајстор донесен од Егејска Македонија. На ѕвоното имало златни букви, но кои за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна исчезнале.[4]

Камбанаријата е изѕидена е со бели мазни камења.[2]

Обнова[уреди | уреди извор]

Во црквата биле изведувани градежни работи, со што бил обновен надворешниот трем, како и била поставена нова ограда бетонско-железна ограда околу црквата. Работите биле финансирани од страна на Општина Кратово[5], а своја помош дало и Здружението на граѓани „Согласие“ од Шлегово. Самата ограда околу црквата била изработена од камен, а горе било поставено ковано железо. Како поголема активност која тогаш се презела била целосната обнова на надворешниот трем на црквата.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николовски, Дарко. „Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак“ (PDF). стр. 201–203. Посетено на 18 јуни 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 Смиљанска, Ирена; Г. Чочков (4 февруари 2005). „Големиот клуч на среќата“. Вест. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 18 јуни 2015.
  3. „Во куфер откриени 11 икони“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. 18 март 2006. Посетено на 18 јуни 2015.
  4. „волан: ШЛЕГОВО ... Šlegovo“. Блог. Волан. 18 јули 2007. Посетено на 18 јуни 2015.
  5. Арсовски, Оливер (20 декември 2012). „Реализирани проекти од областа на културата во периодот 2005-2012“. Кратово: Градска Аберџија. Посетено на 18 јуни 2015.
  6. „Здружение на Граѓани Согласие Шлегово“. Блог. Кратово: Здружение на Граѓани Согласие Шлегово. 29 декември 2005. Посетено на 18 јуни 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 42°03′55″N 22°09′45″E / 42.06528° N; 22.16250° E / 42.06528; 22.16250