Црква „Св. Великомаченичка Петка“ - Дебар
![]() ![]() Света Великомаченичка Петка
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°31′43″N 20°31′46″E / 41.52861° СГШ; 20.52944° ИГДКоординати: 41°31′43″N 20°31′46″E / 41.52861° СГШ; 20.52944° ИГД |
Место | Дебар |
Општина | Дебар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Света Великомаченичка Петка — помала црква во градот Дебар, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на познатата велигденска ливада, каде некогаш велигденското оро се виело една недела.[2]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот Дебар, во близина на поголемата црква „Успение на Пресвета Богородица“.
Историја[уреди | уреди извор]
Црквата била подигната во текот на XIX век.[3]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Претставува мала црква, изградена на терасеста површина. Црквата претставува еднокорабна градба, на која од западната страна е додадена затворена припрата, преку која се влегува во внатрешноста на црквата.[4]
Црквата е градена од камен и е покриена со лим, и надворешно на среде црква е поставена купола изработена со лим.
Пред влезот во припратата е поставена метална конструкција со една камбана.
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Старата црква
-
Камбанаријата
-
Влезот
-
Ниша со фреска над влезот
-
Апсидата
-
Куполата
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Дебарско архијерејско намесништво
- Дебарско-реканска парохија
- Дебар
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ ― изградена во XIX век;
- Црква „Св. Преподобна Петка“ ― изградена во XIX век;
- Црква „Св. Недела“ ― изградена во XX век;
- Црква „Св. Никола“ ― изградена во XX век; и
- Црква „Св. Преображение“ ― изградена во XX век.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
- ↑ „Богослужба во црквата „Света Петка" во стариот дел на Дебар, каде со векови се виело велигденското оро“. МИА. Архивирано од изворникот на 2022-12-10. Посетено на 2022-12-10.
- ↑ „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-10.
- ↑ Дебарско-кичевска епархија: 1967-2017 (македонски јазик). Охрид: Дебарско-кичевска епархија. 2017. стр. 573. ISBN 978-608-4657-34-7.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Великомаченичка Петка“ - Дебар на Ризницата ?