Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Злетово
Света Богородица Балаклија | |
Поглед кон манастирската црква | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Злетовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°00′50.3″N 22°15′34.8″E / 42.013972°N 22.259667°E |
| Место | Злетово |
| Општина | Пробиштип |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | 2010 |
| Осветување | 16 мај 2010 |
| Ктитор | Чедо Петров |
| Архитектонски опис | |
Света Богородица Балаклија — главна и единствена манастирска црква во рамки на Злетовскиот манастир.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била осветена заедно со целиот манастир од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 16 мај 2010 година. Нејзин ктитор бил пратеникот во Собранието на Република Македонија Чедо Петров од Пробиштип.[1][2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата има правоаголна основа и по својот облик претставува крсто-куполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од осумте страни има монофора. Предниот дел од црквата кон којшто водат главната влезна врата и страничната врата од десната страна е понизок. Над дрвената влезна врата се запишани имињата „Исус“ и „Ника“, додека од двете нејзини страни има копјести прозорци со иста големина. На страничниот ѕид, веднаш до влезната врата има три копјести прозорци, од кои средниот е поголем од останатите два. Во средишниот дел на овој ѕид има полукружна апсида со два копјести прозорци. Целата градба е покриена со ќерамиди. Над ќерамидите на осумаголната купола има крст.
Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна на нејзиниот заден дел. Таа има квадратна основа и се состои од четири столбови покриени со ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната врата од црквата
- Камбанаријата на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Осветен манастирот посветен на Пресвета Богородица – Источен Петок Балаклија Архивирано на 9 јуни 2020 г., страница на Брегалничката епархија.
- ↑ Б., И.. „Осветен нов манастир кај Злетово[мртва врска]“, Утрински весник, 16 мај 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Злетово на Ризницата ?


