Црква „Св. Богородица“ - Растојца
Света Богородица | |
Поглед на камбанаријата со влезот во црквата во селото Растојца | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Крушевско-демирхисарска |
| Парохија | Сопотничка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°19′31.2″N 21°11′39.9″E / 41.325333°N 21.194417°E |
| Место | Растојца |
| Општина | Демир Хисар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Осветување | околу 1874 |
| Архитектонски опис | |
Свети Богородица — главна селска црква во близина на селото Растојца. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри од селото, на десната страна од патот кој води кон селото Прибилци.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била осветена некаде околу 1874 година.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа. Изградена е од камен и е покриена со ќерамиди на две нивоа. Оградена е со камена ограда, којашто е покриена со ќерамиди. Камбанаријата се наоѓа непосредно од левата страна на влезот во дворот од црквата. Таа има шестаголна основа и е поделена во два дела. Првиот дел е изработен од камен и завршува до околу две третини од висината на камбанаријата. На некои од страните во овој дел има квадратни отвори. Вториот дел има помала основа и е изработен од дрво. Тој се состои од шест дрвени столбови, кои во долниот дел се оградени со дрвена ограда и над кои се простира кровот во пирамидален облик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта во дворот на црквата
- Апсидата на црквата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Црквата со камбанаријата
- Влезната врата во црквата
- Стариот даб
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Богородица“ - Растојца на Ризницата ?


