Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Журче

Координати: 41°16′59″N 21°14′09″E / 41.28306° СГШ; 21.23583° ИГД / 41.28306; 21.23583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Слепчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°16′59″N 21°14′09″E / 41.28306° СГШ; 21.23583° ИГД / 41.28306; 21.23583
Место Журче
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Живопис 1885
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Богородица — македонска православна црква во селото Журче. Црквата се наоѓа во источниот дел од селото.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е еднокорабна со полукружен свод и петострана апсида. Подоцна, западниот ѕид на црквата бил срушен и нејзиниот наос бил продолжен. Новиот дел има плиток свод, а кон југ има трем, кој е покриен архитрално. Црквата е покриена со ќерамиди и камени плочки на апсидата. Северниот и јужниот ѕид на постариот дел од внатрешната страна се зајакнати со столбови кои завршуваат со лакови и образуваат по три слепи ниши. Фасадата на црквата се фугирани и варосани.[1]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата била живописана во 1885 година од зографот Никола од Крушево.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 42. ISBN 978-608-65616-4-2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]